logo

Oмилен начин за престанувањето со пушење

Електронската цигара - омилен начин за престанувањето со пушење

Се чини дека продажбата на електронските цигари не влијае само на намалената побарувачка за обичните цигари, туку и се одразува и на другите начини за престанувањето со пушење со помош и на никотинските фластери.

Продажбата на електронските цигари во Велика Британија порасна за огромни 340% во 2013-та година, во однос на 2012-та , а тоа најмногу го почувствуваа не само произведувачите на цигари туку и производителите на производи за откажување од пушењето. Иако електронските цигари ретско се рекламираат како средство за одвикнување, падот на продажбата на другите средства е показател дека корисниците ги користат со таа цел.

Производите за довикнување од пушењето како што се никотинските мастики, фластери спрејови бележат константен раст на продажбата од 6-10% помеѓу 2009-та и 2013-та година.

Но, во 2013-та година тоа растење е ограничено само на 1,7%. Расѕтењето на популарноста на електронските цигари во претходната година сигурно е одговорна за ова како и негативниот тренд на обичните цигари чијашто продажба во Ирска опадна за 3,9% а во Франција за цели 7,6%.

Поради тоа, не изненадува обидот на претставниците на овие индустрии – тутунските и фарамацевтските дека електронските цигари се регулираат како еден или како друг производ.

Тоа посебно важи за тутунската индустрија бидејќи Минтеловото истражување помеѓу поранешните пушачи покажува дека третина од нив смета дека електронските цигари можат да ја намалат потребата за обичните цигари, додека повеќе од една четвртина верува дека со нив може во потполност да се остави пушењето.

Што се однесува на средствата за престанување со пушење, помеѓу испитаниците и понатаму се најпопуларен производ кои служат како замена за никотинот од цигарата со 50% додека електронските цигари се наоѓаат одма позади нив со 45% и со тренд на растење.

Нема сомнеж дека во следните години електронските цигари ќе завземат прво емсто на листата на начинот за оставањето на пушењето по бројот на поранешните пушачи кои ги користат.

Извор: vaperanks.com