logo

Електронските цигари не поттикнуваат пушење

Електронските цигари не го поттикнуваат пушењето кај младите

Истражувањето кое неодамна е објавено утврдило дека нема доказ дека електронските цигари ги поттикнуваат децата да пушат обични цигари. Повеќе од 4000 млади луѓе, на воздраст од 11 до 18 години се анкетирани во текот на 2013-та и 2014-та година за нивните ставови кон пушењето и користењето на електронски цигари.

Истражувањето кое е претставено на Конференцијата за јавно здравје во Конвентри во Англија покажа дека екпериментирањето со електронските цигари помеѓу младите тесно се поврзува со моменталните навики за пушење.

Организацијата за борба против тутунскиот чад и заштита на здравјето собра податоци кои се анализирани од страна на Институтот за јавно здравје на Англија. Овој наод докажува дека експериментирањето со електронската цигара помеѓу децата и младите е многу почесто кај оние кои веќе користат обични цигари одколку кај оние кои никогаш не пушеле. Поголемиот дел од младите (91%) никогаш не пробале електронска цигара, додека 2% од децата, непушачи пробале електронска цигара.

Во истражувањето немало деца кои се редовни корисници на електронските цигари, а кои никогаш не пушеле. Во 2013-та година дури 94% од младите се изјасниле дека немаат намера да пробаат ниту обични ниту електронски цигари додека тој процент во 2014-та година опаднал на 90%. Само 1% од младите се изјасниле дека постои можност да пробаат електронска цигара во иднина, додека останатите не биле сигурни во тоа.

Од објавеното истражување повеќе од очигледно е дека електронските цигари не ги поттикнуваат младите да ја користат конвенционалната цигара што претставува уште еден доказ дека предлогот од СЗО за регулативата на електронските цигари е престрог и пренагласен.

Произведувачите и дистрибутерите на електронските цигари веруваат дека и понатамошните истражувања ќе бидат во корист на електронските цигари и дека во Европа до 2016-тагодина ќе бидат прогласени за медицинско сретство.