logo

Електронските цигари како моден тренд

Електронските цигари станаа вистински тренд во минатите години. Од појавувањето во хит филмовите до моден додаток на многу познати звезди тие станаа многу повеќе од замена за обична цигара. Тутунските цигари не се повеќе во центар на внимание, а ги заменија електронските цигари особено кога се појави желбата  да се биде во тренд.

Популарни личности

Бројот на популарните личности кои користат електронски цигари е голем и постојано расте. Избирајќи ја алтернативата било да е тоа од модни причини или желби за подобра опција за пушење, се поголем е бројот на популарни личности кои ги користат електронските цигари.

Старата школа на гламурот

Вториот интересен факт за електронските цигари е колку се тие гламурозни во смисол на враќање на стариот Холивуд. Во текот на златното време во Холивуд, цигарите беа средтсво за да се покаже колку сте во тренд. Мажите ги користеле да го истакнат нивниот мачо стил, а жените кои пушеле биле пример на независност и одлучност. Очигледно, низ годините, овие сфаќања се надминати, благодарејќи на многуте негативни ставови за обичните цигари. Денес електронските цигари овозможуваат на корисниците да имаат слично чувство дека уживаат во електронските цигари без негативното влијание на тутунот со иста доза на гламур и позитивна енергија.

Стилски додаток и уред

Обичните цигари повеќе не се во тренд. Електронските цигари и испарувачи се модерни, дигитализирани и можат да бидат прилагодени за секој како и многуте денешни додатоци. Зошто да пушите обични цигари со сите нивни недостатоци и лошиот мирис на тутунот кога можете да користите електронски. Електронските цигари се во тренд, изработени се да изгледаат убаво, често со надворешност од нерѓосувачки челик и аеродинамичен дизајн. Користејќи ги, имате многу опции. Можете да одберете од многуте разновидни вкусови и додатоци што Ви овозможува да доживеете уникатно искуство.