logo

Електронските цигари дури 100 пати поздрави од обичните

Новите американски истражувања докажаа дека во електронските цигари има назнаен број на штетни материи, поточно 1% во однос на обичните цигари, а тие не се штетни на човековиот организам.

Во истражувањето кое е направено пред неколку месеци во новозеландскиот Медицински Журнал се споредувале нивоата на никотинот и токсичните материи во електронските и во обичните цигари. Резултатите се следни: нивото на никотин кое се наоѓа во електронските цигари е до 2/3 помало отколку во обичните додека нивото на токсичност дури до 100 пати е помал. Во просек,  во секоја тестирана електронска цигара е пронајдено незнаен процент на алдехид: 0.93% формалдехид,л 0,04% ацеталдехид и околу 0,43% акролеин во однос на обичните цигари, поточно во однос на тестираниот Marlboro 100s.

Авторот на ова истражување, Marej Laugesen за Журнал кажал дека пронајденото ниво на јникотин во електронските цигари е сосема доволен да им помогне на пушачите да ги остават обичните цигари.

,,Ова истражување е направено со цел да се смали неоснованиот страв и предрасудите за електронските цигари кои без причина се шират меѓу луѓето,, - рекол Marej.

,,Научниците конечно треба да реагираат и да застанат на патот на блокирањето на нешто кое може да помогне во одвикнувањето на оваа штетна зависност како што е пушењето,, - додаде на крајот.

Извор: http://www.radionz.co.nz/