logo

8 корисни совети

Доколку можеби сте го купиле најдобриот модел на електронска цигара и користите најквалитетни течности за електронски цигари не значи дека Вашата електронска цигара работи беспрекорно. Поради неправилното користење и одржување може да се случи дури и најскапата електронска цигара да откаже и престане да работи кога најмногу Ви е потребна.


Прочитајте ги осумте корисни совети како Вашата електронска цигара да биде секогаш во супер состојба.


1. Не дозволувајте да имате премалку течност во клиромизерот

Секогаш внимавајте навреме да ставите течност во Вашиот клиромизер. Доколку течноста се спушти под грејачот може да дојде до прегревање - односно до дефект на грејачот. Исто така постои можност Вашата течност да ја измени аромата и да добие горчлив и сув вкус. За да не дојде до овие или слични непријатности, секогаш нека Ви биде течноста при рака и ставете течност на време во клиромизерот како би биле сигурни дека Вашиот грејач секогаш е натопен со Вашата омилена арома.
Бонус совет: Не дозволувајте ниту пак течноста да го надмине дозволеното ниво, никогаш не го полнете клиромизерот до врв бидејќи може да дојде до истекување. Внимавајте да не дојде течноста во централниот дел на грејачот бидејќи и на тој начин може да дојде до оштетување.

 

2. Редовно чистите го навојот на батеријата и клиромизерот

Активното користење на електронската цигара доведува до собирање на нечистотии на навојот на батеријата и клиромизерот. Доколку не обрнете внимание на ова, може да дојде до губење на контакт, па дури и до трајно оштетување на батеријата и клиромизерот. Затоа, при секое полнење на батеријата со стапче за уши и алкохол исчистете ги навоите.

Дополнителен совет: Од наслагите на нечистотиите може да дојде до повлекување на навојот, а тоа може да го решите доколку го вратите навојот со помош на стапчиња за чистење на уши и повторно да ја оспособите својата батерија за користење.  

 3. Чувајте ја својата електронска цигара правилно

Отворите на клиромизерот служат да пропуштаат воздух до резервоарот и полесно да согорува течноста во водената пареа. Доколку ја држите својата цигара искривено или наопаку, може да дојде до истекување на течноста и да се појави нерамномерно согорување. Многу е важно исто така и да:

-ја држите цигарата што почесто исправено

-понастрана од домашна сончева светлина

-подалеку од високи температури

 

4. Редовно чистете ги клиромизерите и грејачите

Редовното миење на клиромизерот ќе го продолжи векот на клиромизерот и на грејачот. Чекорите се многу едноставни:
-Одвретете го клиромизерот од батеријата
-Доколку е можно, извадете ги усникот и грејачот
-Измијте го клиромизерот под млаз млака вода во повеќе наврати
-Оставете природно да се исуши, доколку е можно - што подолго
 
 

 

5. Грижете се за хигиената на усникот 

Прашината, нечистотијата и кондензирањето при користење на електронската цигара може да го блокира протокот на воздухот и пареата на Вашиот клиромизер. За да не дојде до ваков вид проблеми, а и за да се заштитите од можните инфекции извадете го усникот од клиромизерот и оставете го да стои неколку часа во млака вода, потоа оставете да се исуши на природен начин. Доколку усникот не може да се извади од клиромизерот, со тоалет хартија или со стапчиња за уши чистете го што почесто.

 

 

6. Носете ја Вашата електронска цигара во футрола или на врат

Електронските цигари се корисни уреди со помош на кои голем дел од пушачите се откажале од обичните цигари, меѓутоа ниту електронските цигари не се подлежни на физичките оштетувања. За да ги спречите физичките оштетувања чувајте ја Вашата електронска цигара во футрола или на врвка на врат и на тој начин во секој момент ќе Ви биде на дофат на рака кога и да Ви затреба, а од друга страна ќе биде безбедна од страна на надворешните оштетувања.
 


 

7. Не го завртувајте силно клиромизерот на батеријата

 Со многу силно завртување на клиромизерот можете трајно да го оштетите навојот, а со тоа и Вашата електронска цигара. Потрудете се клиромизерот да биде умерено и доволно завртен, но не пресилно. Доколку не можете да го одвртите клиромизерот од батеријата, консултирајте се со најблискиот сервисер за електронски цигари, не се обидувајте со сила да го одвртите. 
 

 

8. Редовно менувајте ги грејачите и клиромизерите

Клиромизерите и грејачите се потрошен и заменлив дел кај електронската цигара. Обидете се редовно да купувате заменлив грејач или клиромизер доколку нема заменлив грејач. Рокот на употреба на грејачот е релативен во зависност од корисник до корисник и од користењето на електронската цигара. Може да трае помеѓу една недела и еден месец. Првите знаци дека грејачот треба да се смени се помалку пареа и загорен вкус на аромата.