logo

7 Интересни факти за електронските цигари

Електронските цигари се понекогаш лошо претставени во медиумите иако постои голем број нивни корисници и луѓе кои го тврдат спротивното. Овој лош рејтинг често има корен во недоволната информираност или со користење на погрешни информации. Ќе се обидеме во следните неколку редови да разјасниме некои од заблудите.

  1. Електронските цигари не се само уште една новост која е во тренд

Електронските цигари станаа многу популарни во последните неколку години, но нив всушност ги измислил американецот Herbert A.Gilbert во 1960-та година. Тој својот патент го нарекол безтутунска вигара без чад, но во шеесеттите години кога луѓето сеуште немале сфатено какви се опасности по здравјето носи пушењето, просто не постоела потреба и интерес за овој производ па затоа не ни влегол во производство.

  1. Атомизерот го измислиле двајца Англичани

 Umer и Tariq Sheik во 2006-тата година го измислија атомизерот, а веќе следната година е претставена електронската цигара која ни е позната денес.

  1. Што се всушност електронските цигари?

Електронските цигари воопшто не се цигари. Точно е дека содржат никотин, но грејачот е тој кој ја загрева течноста на овој уред и на тој начин се создава пареа која корисникот ја вдишува.

  1. Електронските цигари го чуваат здравјето, а и парите

Факт е дека со преминувањето на електронските цигари штедите значајна количина на пари.

  1. Електронските цигари не ви причинуваат исто задоволство?

Тоа што не вдишувате чад и тутун не значи дека пушењето на електронската цигара нема да ви создаде исто задоволство. На овој начин ја задоволувате својата потреба за никотин но без внесување на дополнителни канцерогени состојки.

  1. Нема повеќе пасивно пушење

Пушачите кои ќе преминат на електронската цигара не си помагаат само себеси туку и на луѓето околу себе, ја  намалуваат можноста за пасивно пушење. За разлика од обичните цигари кои создаваат чад, електронските цигари сочинуваат пареа која се состои главно од глицерин и пропилен гликол.  Иако изложувањето на никотин не е потполно безопасно, нивото на никотин присутен во пареата на електронската цигара е десет пати помал отколку кај обичните цигари.

  1. Вие го имате главниот збор

За разлика од обичните цигари каде што не можете да  одлучите колку никотин вдишувате, елекртонските цигари тоа Ви го овозможуваат. Можете да одберете јачина која Ви одговара, а ако прекинувањето со пушење Ви е крајна цел, можете постепено да го намалите внесот на никотинот.

Извор:  http://magazinportal.net/