logo

Нема сомнеж дека електронските цигари се побезбедни

Светските здравствени научници опоменуваат дека заплашувањето на пушачите во врска со електронските цигари претставува опасност за нивното здравје, спречуваќи ги да преминат на што помалку штетната алатернатива.

Тие истакнуваат дека негативните информации за електронските цигари се во сериозна несразмернот со достапните истражувања и дека преминувањето на електронски цигари е скоро исто како и откажувањето од обични цигари.

Овие коментари се појавуваат поради предлогот на Светската Здравствена Организација на забраната за користење на електронските цигари во затворени простории бидејќи наводно тие се ризични. Добротворната организација за борбата против пушењето изјави да не се фаворизира оваа забрана.

Извештајот на СЗО наведува: “ Фактот дека пареата на електронските цигари има помалку штетни состојки отколку чадот од тутунот, не значи дека тие количини се прифатливи за оние кои се изложени на истите.”

Но, специјалистот за болести од зависности, професорот Neli McKeganey - директорот на центарот за истражување на злоупотребата на дроги во Глазгов тврди дека тие препораки се рефлексна реакција.

Тој тврди: “ Електронските цигари се најкорисен начин за намалување на штетите кои се предизвикани со пушењето, за оние кои не можат без цигара. Стравовите кои сега генерираат вклучувајќи ги и вашите здравствени професионалци се несразмерни и можат сериозно да ги загрозат обидувањата на луѓето да користат електронски цигари, намалат или скроз да се откажат од цигарите. Доколку се случи тоа, ќе биде голема штета, затоа што тие стравови се теоретски. СЗО прилично предвреме советуваа за забраните кога доказите за штета на пасивното пушење не е ни блиску до нивото како што е прикажано.

McKeganey  истакна дека нема сомнеж дека електронските цигари се побезбедни додавајќи дека некои барања се многу ексцентрични.

 „Мислам дека ова нема врска со личните ставови на здравствените лидери” истакна тој. “Пушењето е главна причина на лошото здравје и прераната смрт, толку голем напор е вложено во луѓето да престанат со пушењето, а затоа што и во овие цигари има никотин, многу луѓе претпоставуваа дека и тие се подеднакво штетни.

Извор: http://www.heraldscotland.com/mobile/news/home-news/healthcare-experts-turn-on-who-over-calls-to-ban-e-cigarettes.25177099