logo

Електронските цигари подобар избор од обичните цигари

Пушењето на електронски цигари е подобар и посигурен избор за здравјето од конзумирање на обичните цигари и тутунот – тврди Агенцијата за јавно здравје на Англија.

Агенцијата која неодамна е под Владата на Англија, наведува дека електронските цигари можат да го намалат штетното влијание на тутунот.

Ова е прво јавно признание дека електронските цигари се помалку штетни од обичните цигари – пишува Англискиот ,,Гардијан,,.

Агенцијата тврди дека електронските цигари се 95 % помалку опасни од обичните и наведува дека постои можност овие цигари еден ден да бидат јавно признаени како алтернатива и дел од процесот во одвикнување на цигари.

Иако потенцираат дека електронските цигари не се ослободени од ризикот по здравјето, Агенцијата верува дека тие би можеле да имаат многу значајна улога во намалување на штетноста на обичните цигари.

Кевин Фентон, директорот на Агенцијата за јавно здравје на Англија напоменува дека електронските цигари не се потполно безопасни за човековото здравје, но додава дека обичните се далеку поопасни.

,,Проблемот настанува доколку милион број на пушачи сметаат дека електронските цигари се помалку штетни па и не размислуваат за прекинување од пушење. Електронските цигари се само дел од патот кој би требал да се заврши со откажување од пушење,,. – истакна Фентон.

Извор: http://pharmanetwork.rs/