logo

Електронската цигара помага во одвикнување од пушење

Во извештајот кој е објавен во почетокот на март оваа година, француската национална Академија за медицина наведува дека електронските цигари во последните три години значајно ја променија борбата против тутунскиот чад и препорачаа да се користат како средство при одвикнување од пушење.

После охрабрувачкиот резултат од 2014-та година, кој меѓу другото  го кажува фактот дека преку 400.000 Французи ги оставиле обичните цигари со помош на електронската цигара, медицинската Академија конечно завзеде став по тоа прашање и реши да се позанимава со новите регулативи.

,, Електронската цигара е корисно и помошно средство во борбата против смртноста предизвикана од пушењето како и во намалување на стапките на морталитетот, таа овозможува на луѓето прогресивно да се откажуваат од цигарите,, - кажано е во неодамнешното соопштение. Во извештајот исто така се наведува дека електронските цигари се далеку помалку токсични и до 450 пати помалку. Научните истражувања потврдуваат дека пареата која се произведува од електронските цигари не содржи јаглен моноксид ниту пак катран.

Националната медицинска Академија смета дека електронските цигари се поефикасни и од традиционалните методи во борбата против пушењето, особено поради постепеното дозирање на никотинот во организмот и задоволување на психофизичките потреби со вовлекувањето на чадот. Само овие две предности се доволни за пушачите да ги намалат или потполно да ги заменат обичните цигари.

Значаен пад на регистрираните пушачи во последните три години се поклопува со појавата на феноменот на електронските цигари, поради тоа медицинската Академија препорачува електронските цигари да бидат достапни за сите кои сакаат да се откажат од пушењето на обичните цигари.

Кога е во прашање регулативата, Академијата советува дека сите течности кои имаат повеќе од 20мг никотин во својот состав да бидат декларирани како лек и исклучително да се продаваат под надзор на лекар. Во тој случај би се забранило и најновото рекламирање и промовирање, освен во случајот да се декларираат како медицинско помагало во одвикнувањето од пушење. На малолетните лица и понатаму оваа продажба би била забранета, се наведува во препораката на Академијата.

Извор: : http://vaperanks.com/