logo

Што зборува за тебе твојата омилена арома?

ЧОКОЛАДО

Љубителите на чоколадо се повлечени личности на кои цел им е низ животот да одат по полесниот пат. Умеат внимателно да слушаат, па поради тоа не им недостигаат пријатели кои сакаат да го слушнат нивниот совет кога ќе се најдат во проблеми. Ја почитуваат уметноста, рок музиката а посебно уживаат во филмови гледајќи телевизија.

ВАНИЛА

Оние за кои нема друг сладолед освен ванила не се плашат од ризик посебно на работното место. Љубители се на се што подразбира класиката, било да се работи за музиката, историските емисии или документарните филмови. Оние кои уживаат во вкусот на ванилата најчесто се одлучуваат за класичниот вкус на сладоледот покрај богатата понуда со новите ароми во маркетите.

ЈАГОДА

Љубителите на јагода помалку се срамежливи и многу лојални, а тоа се чувствува и на нивното работно место. Работата ја сфаќаат сериозно и важат за посветени работници. Истотака се амбициозни, поставуваат високи стандарди и многу им е важен здравиот однос со колегите. Слободното време го користат за пребарување на интернет, дружење на Facebook или слушање на R&B музика.

КАФЕ

Вие сте паметни, но сакате и да се правите паметни па со тоа ги нервирате луѓето од својата околина. Не сакате да брзате, имате свои ритуали и не поднесувате кога некој е невоспитан. Вашиот карактер е мирен, а вие сте една совесна личност. Уживате во едноставни работи во животот како што се песните на птиците, пикник во паркот или шоља топло кафе.

МЕНТОЛ

Оние кои го сакаат вкусот на ментолот се највеселите луѓе во друштвото. Тие веруваат дека клучот на успехот во животот се вкусните јадења или сериозните теми. Не се плашат скоро од ништо, а имаат и нежна страна која само неколкумина имале можност да ја видат кај Вас.

ТУТУНСКИ АРОМИ

Без сомнеж, Вие сте јака и упорна личност. Се движите кој својата цел и не се плашите од ризикот кој  Ви стои на патот. Истотака многу сте практични и често немате време за несериозни луѓе или авантури. Тоа не значи дека не сте забавни, бидејќи сте личност која во се гледа позитивна страна.