logo

Поздраво од тутун позабавно од наргиле

Уживањето во тутунот потекнува од дамнешни времиња и претставуваше составен дел на многу култури. Но, веќе во 16-тиот век почнале полемики за неговата штетност и се пропишале првите директиви за акцизи. Во тоа време иако зависноста не била на високо ниво, на луѓето не им било лесно да се откажат од навиката од првобитното виткање на тутун, а подоцна и од пушење на првите цигари со филтер.

Денес работите ,,малку,, се изменија, а пушачите добија примамлива алтернатива, електронската цигара.

Освен што е подобра во поглед на здравје и содржината на штетни состојки (во електронската циагра има до 200 состојки помалку), со електронската цигара пушачите можат да одберат и арома која ќе ја вдишуваат. Тука се создава вистинската магија. Комбинациите, овошјето, слатките, пијалоците и егзотичните зачини, го заменија класичниот и остар мирис на тутунот.

Поради богатството на ароми и прекрасното чувство при вдишување, електронската цигара често ја именуваат со џепна цигара или наргиле. Наргилето го измислите Индусите иако веројатно не го користеле за пушење на тутун, бидејќи првото наргиле е направено од еден вид на кокосов орев. Турците на наргилето му дадоа денешен облик, а во неговата изработка и во неговото користење вметнаа уметност.

Ништо поразлично не  е ниту со електронската цигара, која со својот дизајн и  изглед потсетува на вистинско ремек дело на модерната технологија. Меѓутоа, електронската цигара има свои предности во однос на наргилето. Главната предност е тоа што е предмет за лична употреба и за разлика од наргилето достапна е во продажба во секој момент.  Другата разлика е во однос на обичната цигара многу поздрава поради мешаните состојки и јачината на никотинот, а исто така и од  хигиенски причини. Исто така,  електронската цигара можете да ја носите секаде со Вас додека наргилето можете да го најдете само во одредени кафулиња во градот.

Доколку сеуште не сте си купиле електронска цигара по свој вкус,  Е-Feel продажните специјализирани салони во Скопје, Кавадарци, Прилеп и Штип Ви стојат на располагање и Ви овозможуваат да пробате од најразличните Dekang ароми со вкус на јагода, цреша, ванила, кафе, карамела како и многу други ароми.

Уживањето во вовлекување и испуштање на димот доби сосема друга димензија. Сега уживаме во единствените изразени ароми правејќи облак од пареа кој не е штетен ни за Вас ниту за Вашата околина.