logo

Како сами да направите своја течност за електронска цигара?

За да направите сами течност за електронска цигара потребно е да знаете која арома ја сакате, на која база и со која јачина на никотин.  Најдобро е на почетокот да се обидете да направите течност која ќе биде слична на некоја која веќе сте ја пробале и која Ви се допаѓа. Кога ќе ја проучите постапката и терминологијата потоа имате можност за импровизирање и правење на сопствени миксови и неограничен број на вкусови.

1.БАЗА

Базите за течностите се комбинација од следните компоненти:

Пропилен Гликол (PG). Глицерин (VG), никотин и вода.

PG дава поостар вкус и посилно чувство во грлото, но затоа дава и помалку пареа. VG дава пообилна пареа и ја пригушува аромата. На одреден број на корисници PG не им влијае добро и затоа користат комбинирана база (познати и како VG-PG, VPG,PGG…) или VG база.

Базата е течност без арома која е спремна за користење. PG и VG во нивната чиста состојба се премногу густи за користење, особено на танк системите. Затоа во нив се додава вода. Во PG се додава 5-10 проценти, а во VG 10-20 проценти вода. PG (VG) измешани со одредена количина на дестилирана вода се вика база без никотин. Се обележуваат со PG база 0мг (течност на PG база со 0мг никотин), VG 0мг и VPG 0мг.

PG и VG не се исти! PG базата (0мг) е PG кој е разблажен со одредена количина на дестилирана вода. Исто ова важи и за VG, VG-PG база. Кога во оваа база ќе се додаде никотин, таа станува никотинска база со одреден степен на јачина (6мг, 11мг, 16мг...).

Како да направите база која ќе Ви одговара?

Доколку сакате да направите течност со јачина на никотин од 16мг потребна Ви е база со таа јачина. Можете да ја купите готова базата со таа јачина или да купите појака база и да ја разблажите.

2. АРОМА

Аромите се додаваат во подготвената база во мала количина, само неколку проценти. Најдобро е да се почне со помалку и по потреба да се додава.

Треба да имате во предвид дека е потребно одредено време да созрее аромата. Во почетокот додека ја барате својата мерка за јачина на аромата, обидете се со помали количини – 10мл и помалку. Состојките треба да ги измешате во чисти садови и да користите повеќе шприцеви за мерење.

Во сите E-Feel продажни места наскоро ќе можете да купите квалитетни бази и ароми за подготвување на течности. Следете ја нашата Facebook страна за повеќе информации!